Короната му „удри“ во глава: Не сака ништо да ризикува, реши да стави крај на кариерата!

Коронавирусот создаде вистински хаос во целиот свет, а ова особено се почувствува во спортот, чии загуби поради прекин на натпреварувањето се огромни.

Многу спортисти се доста исплашени од коронавирусот, а меѓу нив е и кошаркарот на Јута Џез, Џо Инглс, кој отиде подалеку, па е подготвен да остави сè и да стави крај на кариерата за да го заштити семејството од вирусот кој сеуште пркоси низ светот. Се чини дека ова е неговиот псоледен збор, а тоа значи дека повеќе нема да го гледаме на паркетот во најсилната кошаркарска лига на светот.

Подготвен сум да ја завршам кариерата, да одлетам во Австралија и никогаш повеќе да не играм во животот. Ништо не вреди да се ризикува, истакна Инглс, па продолжи:

Во моментов не сум подготвен да го ризикувам животот на моето семејство и сè останато.

Австралиецот веќе шест години е член на Јута Џез, тим за кој потпиша во 2014 година по одличните игри во Макаби Тел Авив. Своевремено играше и во Барселона и Гранада, а ја освои евролигашката титула во 2014 година.