Катастрофа за Клеј Томсон: Ќе паузира уште една цела сезона

Клеј Томсон ја пропушти целата измината сезона во НБА-лигата, откако ги повреди предните вкрстени лигаменти за време на финалната серија против Торонто во сезоната 2018/2019. 

Кошаркарот на Голден Стејт изминатите месеци напорно се подготвуваше за новата сезона, но завчера се појавија информации дека се повредил на тренинг. Навивачите на овој тим со право беа загрижени, бидејќи денешните информации велат дека Томсон ја скинал ахиловата тетива.

Тоа автоматски значи дека ќе ја пропушти и целата нова сезона во НБА-лигата, што треба да почне на 22 декември.