Кармело Ентони доби стоечки овации во „Медисон сквер гарден“ (ВИДЕО)

Кармело Ентони уште пред четири години го напушти тимот на Њујорк никс, но навивачите никогаш нема да го заборават неговиот придонес. 

 На синоќешниот натпревар со Лос Анџелес лејкерс, навивачите во „Медисон сквер гарден“ го поздравија со стоечки овации Ентони при неговото излегување на паркетот.

Популарниот Мело играше за Никс од 2010 година до 2017 година.