
„Јокиќ за сѐ што прави, малку се тие 270 милиони долари што ќе ги заработи!“
Јокиќ во овој плејоф дојде до осум трипл-дабл учиноци и достигна рекорд стар повеќе од пола век во НБА, па на импресивните настапи на Србинот не може никој да остане рамнодушен. Мајкл Потер сениор е поранешен кошаркар, сега тренер во САД, а неговиот син Мајкл Потер јуниор му е соиграч на Јокиќ, па Потер сениор ептен го испофали Србинот.
Најмногу за влијанието врз неговиот син и колку значи сето тоа за развојот на Потер јуниор.
„Тоа што Мајкл е секој ден близу Никола, тоа е клучно и многу важно. Многу големо влијание има врз мојот син, ама и на сите млади момци. Тоа што Никола го прави и сето негово влијание во соблекувалната, за тоа вреди и многу повеќе од тој максимален договор од 270 милиони долари. Тој е показател како изгледа човек со сјајно воспитување. Неговите родители треба и мора да бидат горди“, рече Потер сениор.
Јокиќ се обврза на максимален договор од 270 милиони долари за пет години и оваа сезона е прва година од неговиот договор, а Нагетс сега дотуркаа до големото финале и шансата да го освојат НБА пехарот.