Наполи на Јакимовски го уништи Будуќност за втор триумф во Еврокупот

Италијанскиот кошаркарски тим Наполи славеше против Будуќност со убедливи 93-75 во второто коло од групната фаза во Еврокупот.

Наполи беше пресилен за Будуќност, а тоа го покажа уште на самиот старт на натпреварот откако ја доби првата четвртина со 25-19, додека до полувреме разликата изнесуваше +20 (53-43).

Будуќност не успеа да му парира на Наполи ниту по паузата, па италијанскиот тим продолжи да ја зголемува разликата, а на крајот триумфира со 93-75.

Закари беше најефикасен во победничкиот тим со 23 поени, додека Ферел запиша 19 поени за Будуќност, а македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски го заврши мечот еден скок откако на теренот поминат само седум минути.

Фото: Facebook/Aquila Basket Trento