Кузмановски блесна со 15 голови, но Пелистер освои бод во Гдањск
Домаќинот поведе на стартот со 2-0, по што Пелистер влезе во серија од 5-0 и го презема водството. Двете екипи имаа добри моменти на паркетот, а битолчани ја одржуваа предноста од еден гол до паузата (17-16).
Пелистер заигра подобро во вториот дел и поведе со 24-20, а потоа ја чуваше предноста додека Вибжеже Гдањск се обидуваше да ја анулира негативата. Во самата завршница домаќинот успеа да се извлече од бездна и да се спаси од пораз (31-31).
Најефикасен кај македонскиот тим беше Филип Кузмановски со 15 голови, додека Томжак постигна осум погодоци за домаќините.