Јокиќ се повреди и го вклучи алармот во Денвер

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ се повреди на мечот меѓу Денвер нагетс и Бостон селтикс и најверојатно ќе го пропушти дуелот против Сакраменто кингс.

Јокиќ го повреди зглобот на стартот на натпреварот против Бостон, а тоа го вклучи алармот во Денвер.

Денвер најверојатно ќе остане без Јокиќ во незгодниот меч против Сакраменто, кој конечно влезе во победнички ритам.