
Јокиќ полека, но сигурно ја губи битката за третиот МВП трофеј по ред (ФОТО)
Србинот првпат по (по)долго време не е на врвот на листата фаворити за освојување на ова признание, каде што се искачи Французинот со камерунско потекло, Џоел Ембид. Тој во моментов е најдобар стрелец во лигата со 33,5 поени со 10,2 скока и 4,1 асистенции додека „сиксерси“ се трети на Истокот. Јокиќ, пак, во моментов просечно реализира по 24,8 поени, 11,9 скока и 9,9 асистенции додека неговиот тим е убедливо најдобар во Западната конференција.
Трет во оваа трка е Јанис Адетокумпо со просек од 31,4 поени, 11,9 скокови и 5,5 асистенции во ситуација кога неговиот Милвоки бакс е лидер на источниот дел од НБА. Регуларниот дел од лигата трае уште три недели.