Јокиќ одново покажа дека е најдобар во светот, Лејкерс се „лизна“ во Колорадо (ВИДЕО)

Екипата на Денвер нагетс поведе во финалето од Западната конференција во НБА против ЛА Лејкерс, откако го доби првиот меч од серијата (132-126) благодарение на фантастичниот Никола Јокиќ, кој уште еднаш потврди дека во моментов е – најдобар во светот.Екипата на Денвер нагетс поведе во финалето од Западната конференција во НБА против ЛА Лејкерс, откако го доби првиот меч од серијата (132-126) благодарение на фантастичниот Никола Јокиќ, кој уште еднаш потврди дека во моментов е – најдобар во светот.

Енигмата околу победникот беше решена уште во првата четвртина, во која составот од Колорадо брзо поведе со плус 16 (30-14) и најави дека нема да дозволи изненадување на домашен терен. „Грумењата“ највисоката предност ја имаа во третата четвртина (78-58) во која ептен доминираше Јокиќ, кој до трипл-дабл ефект дојде за само 26 минути игра во кој момент имаше 23 поени, 17 скока и 11 асистенции. За Србинот ова е шести трипл-дабл во плејофот сезонава и сега му недостасува само уште еден за да се израмни со легендарниот Вилт Чемберлен, кој во далечната 1967 година во доигрувањето одиграл седум средби со двоцифрен ефект во три статистички категории.

Лејкерси и покрај високата негатива не се предадоа, полека ја намалуваа предноста на противникот, па во завршница стигнаа на само три поени негатива (121-124 и 126-129). Домаќинот, сепак, не дозволија да ја прокоцка предноста која ја создаваше цел меч и на крајот успеаа да победи и поведе со 1-0 во серијата подобар од седум. Феноменалниот Јокиќ разбирливо беше прва ѕвезда на Денвер, завршувајќи ја средбата со 34 поени, 21 скок и 14 асистенции, а одличен беше и Џемал Мари со 31 поени. Кај Лејкерс, најдобар беше Ентони Дејвис со 40 поени и 10 скока, а зад него беше ветеранот Леброн Џејмс со 26 поени, 12 скока и девет асистенции.

Следната средба, повторно во Колорадо, се игра во ноќта помеѓу четврток и петок по македонско време.