
Јокиќ ја прекина трипл-дабл серијата, ама Денвер продолжи да победува (ВИДЕО)
Натпреварот беше решен во последните секунди иако Денвер цел меч имаше контрола над резултатот, а на влезот од финалниот период водеше и со 16 поени разлика. Мајами не се откажа и со кошот на Џими Батлер на 11 секунди пред крајот се доближи на само два поена негатива (97-99). Сепак, во клучните моменти, Јокиќ и Колдвел Поуп беа сигурни од линијата за слободни фрлања и ја запечатија победата на Денвер.
Јокиќ ја прекина серијата од четири трипл-дабл натпревари, но повторно имаше голем придонес во победата, постигнувајќи 18 поени, 11 скока и 7 асистенции. Најдобар во неговиот тим беше Портер со 30 поени и 11 скока, додека Бем Адебајо го предводеше Мајами со 22 поена.
Со овој триумф Денвер ја продолжи потерата по лидерот на Западот, Минесота и сега има само една победа помалку, но со натпревар повеќе. Мајами е осми на Истокот, ама со ист број победи колку петтопласираната Филаделфија.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот - Милвоки 99-111
Орландо - Јута 115-107
Бруклин - Атланта 124-97
Њујорк - Голден Стејт 99-110
Сан Антонио - Оклахома 132-118
Феникс - Хјустон 110-105
Денвер - Мајами 103-97
ЛА Лејкерс - Вашингтон 134-131