Историја: Леброн со Лејкерс дојде до првиот трофеј во новиот НБА куп (ВИДЕО)

Екипата на ЛА Лејкерс дојде до победничкиот пехар во првото издание од новиот НБА куп, откако ноќеска, во Лас Вегас, во големото финале ја совлада Индијана пејсерс (123-109).

Ова е еден од најспектакуларните трофеи во кариерата на ветеранот Леброн Џејмс, кој за три дена ќе го прослави 39. роденден, но кој се уште игра како да има десетина години помалку. „Кралот“ и овој пат беше меѓу најзаслужните за успехот на „езерџиите“ завршувајќи ја средбата со 24 поени и 11 скока, но и со трофејот МВП на завршниот турнир. Убедливо најдобар кај Лејкерс беше Дејвис со 41 поен и 20 скокови, додека одлично одигра и Остин Ривс со 28 поени.

Раководството на НБА стравуваше дека кошаркарите нема сериозно да го сфатат ова ново натпреварување среде сезоната, кое се играше со групна фаза и нокаут-систем почнувајќи од четвртфинале додека средбите влегуваа и во скорот од регуларниот дел од шампионатот, но тоа не се случи. Беа одиграни многу спектакуларни средби, а во тој стил беше и фајналфор-турнирот во „градот на гревот“.

Кошаркарите на ЛА Лејкерс за првиот трофеј во НБА купот ќе заработат по 500.000 долари, додека нивните колеги од Индијана ќе инкасираат по 200.000 долари.