Харден направи шоу: Колку сум ослабел? Напишете 45 кг! (ВИДЕО)

Џејмс Харден пристигна во Филаделфија како големо засилување, но минатата сезона не ги оправда очекувањата, а често беше повреден и се зборуваше за вишокот на килограми кој беше тема и пред почетокот на новата сезона.

Новинарите ги интересираше колку килограми ослабел Харден за време на паузата, по што американскиот кошаркар направи шоу.

„Ослабев 45 килограми. Напишете така“, кажа Харден.