Харден броеше до 60 за триумф на Хјустон, Богдановиќ го доби српското дерби против Јокиќ

Во текот на ноќта во НБА-лигата беа одиграни неколку средби, а ѕвезда на вечерта беше Џејмс Харден, кој постигна 60 поени за победа на Хјустон рокетс против Атланта хокс (158-111).

Домаќините уште во првата четвртина го решија мечот, зашто имаа предност од +17, па пораз на Атланта беше неминовен. Третата четвртина Хјустон ја доби со 25 поени разлика (46-21), па така запиша убедлив триумф.

До победа стигна и Милвоки, кој славеше против Шарлот со 137-96 со многу добар настап на Антетокумпо, кој постигна 26 поени.

Кошаркарите на Денвер нагест беа поразени на гостувањето кај Сакраменто кингс со 97-100 и тоа по голем пресврт во последната четвртина.

Богдановиќ запиша 10 поени, четири асистенции и пет скокови, додека Бјелица исто така имаше 10 поени, 12 скокови и пет асистенции, а на спротивната страна Никола Јокиќ постигна седум поени, 10 скокови и шест асистенции.

Исто така, Филаделфија славеше против Индијана со 119-116.