
Хаос во НБА: Судиите обвинети дека додале време за да може Бостон да победи (ВИДЕО)
Последните напади на двата тима долго време ќе бидат причина за дебати и за толкување на судиските одлуки. Прво Џими Батлер при негатива на „жешките“ со 100-102 умешно се фрли врз Ал Хорфорд и изнуди прекршок, кој првично беше оценет за две слободни фрлања, но потоа по „челинџ“ на гостинскиот тим не само што беше потврден туку и оценет како шут за три поени. Најдобриот кошаркар на Мајами ги погоди сите три слободни фрлања (103-102), но проблем е што судиите неочекувано додадоа девет десетинки на преостанатото време за напад на Бостон, со оглед што часовникот беше сопрен на 2,1 при фаулот, а „келтите“ нападот го почнаа со три секунди на располагање.
Ова по средбата донесе револт кај навивачите на Бостон, со оглед што ако немаше додавање на времето, победничкиот кош на Дерик Вајт ќе беше надвор од времето, односно немаше да биде признат, а Хит веќе ќе беа во големото финале.