Големото срце на Коби - регулира сообраќај и помага по тешка несреќа (ВИДЕО)

Големата НБА-легенда Коби Брајант трагично загина на 41 година во хеликоптерска несреќа беше човек со големо срце, па видео како регулира сообраќај и им помага на повредени во тешка сообраќајка во Њупорт Бич, стана вирален хит за да го покаже големото срце на легендарниот кошаркар на ЛА Лејкерс.

Брајант загина вечерва по македонско време во хеликоптерската несреќа во близина на Лос Анџелес, само 13 минути откако полетал и бил на пат кон неговата кошаркарска Академија. Во трагичната несреќа загина и една од неговите ќерки, а полицијата овјави дека девет жртви има во оваа трагедија.