Големи промени во австралиската репрезентација - си одат селекторот и најдобриот играч

Австралиската кошаркарска репрезентација пропушти голема шанса вторпат по ред да се вмеша во борбата за медалите на турнир од Олимписките игри.

Водеше и со 24 поени разлика против Србија, но на крајот доживеа пораз кој, по се изгледа ќе значи крај на еден циклус. Веднаш по него, оставка поднесе досегашниот селектор Брајан Горџијан кој го заврши својот втор мандат на клупата. Се врати во ноември 2020 година, а најголемиот успех го оствари на претходните Олимписки игри, во Токио освојувајќи го бронзениот медал.

Освен селекторот Горџијан, својот последен настап за националниот тим најверојатно го запишаа и најдобриот играч Пети Милс како и ветеранот Џо Инглс.