Гилџес-Александер диригираше, Оклахома го понижи Кливленд (ВИДЕО)

Од почеткот на сезоната до синоќа, Кливленд беше најдобар тим во НБА лигата, но тој епитет не успеа да го одбрани кај можеби најголемиот ривал оваа сезона.

Оклахома Сити Тандер потврди зошто е најдобра во Западната конференција, триумфирајќи на домашен терен против Кливленд со 134-114. Колку и да звучи чудно, од овој резултат позадоволни можат да бидат гостите бидејќи Оклахома во еден период имаше предност и од 42 поена разлика пред да одлучи да повлече рачна во финишот и да се задоволи со само +20.

Интересно е тоа што до убедливиот триумф Тандер стигна без главните центри Чет Холмгрен и Ајзеа Хартенштајн кои се повредени. Затоа тука беше Шеј Гилџес-Александер кој постигна 40 поени (17/26 од игра) плус осум асистенции. Канаѓанецот секако можеше над неговиот рекорд на кариерата кој изнесува 45 поени, но тренерот Дејно не го пушти во игра во последната четвртина.

Кливленд не личеше на онаа екипа која газеше претходниот месец и која врза 12 победи. Гарланд беше најдобар со 20 поени и 9 скока, но разочараа некои од главните играчи како Мичел кој остана на 8 поени.

РЕЗУЛТАТИ
Детроит - Индијана 100-111
Вашингтон - Феникс 123-130
Оклахома - Кливленд 134-114
Портланд - ЛА Клиперс 89-118
Сакраменто - Хјустон 132-127