
Г. Стејт пак најдобар: Воините со „метла“ го избркаа Кралот Џејмс од Кливленд! (ВИДЕО)
За „воините“ ова е шеста титула во клупската историја, по 1947, 1956, 1975, 2015 и 2017 година, со што се изедначија со Чикаго булс на вечната листа НБА-шампиони. Тимот од Оукленд и овој пат беше максимално доминантен и во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се надева дека ќе дојде барем до една победа во финалната пресметка.
Стеф Кари со 37 поени беше најпрецизен кај Г. Стејт, а одлично одигра и Кевин Дурент кој оствари трипл-дабл со 20 поени, 12 скока и 10 асистенции, доволно втора година по ред да го добие МВП-признанието за финалната серија. Леброн Џејмс најверојатно последниот меч во дресот на Кливленд го заврши со 23 поени.
Американските медиуми уште пред да заврши денешниот меч почнаа да шпекулираат со иднината на „Кралот“, кој е пред можна преселба во екипи како Бостон, Филаделфија, Хјустон па дури и кај „воините“ од Оукленд.