Експлозија на Букер, Феникс на чекор од шестото место (ВИДЕО)

Феникс триумфираше на гостувањето кај Њу Орлеанс со 124-111 и го продолжи притисокот за шестото место во Западната конференција кое носи директно во плејофот, а за кое директен ривал му е токму тимот од Лујзијана.

Апсолутно најзаслужен за новата победа беше Девин Букер кој постигна 52 поена со одличен шут од игра (19/28) и осум погодени тројки што е негов рекорд на кариерата. Дури 24 од вкупно 52. поена, Букер постигна во првата четвртина во која Санс броеја до 46.

Во екипата на Њу Орлеанс се истакна Вилијамсон со 30 поени, Марфи додаде 21, а Мекалум 15, но со лош шут од игра (6/17).

Двете екипи сега се во жестока борба за шестото место кое директно води во плејофот. Њу Орлеанс со победа можеше да се избега на три победи предност, на седум меча до крајот на сезоната, но вака дури и го загуби петтото место на кое се наоѓаше до синоќа. Блиску до нив е и Далас кој е во одлична форма кој е во серија од седум победи, а триумфираше на 11 од последните 12 натпревари.

РЕЗУЛТАТИ
Шарлот - Бостон 104-118
Детроит - Мемфис 108-110
Индијана - Бруклин 133-111
Орландо - Портланд 104-103
Чикаго - Атланта 101-113
Њу Орлеанс - Феникс 111-124