Џордан „крена раце“ - ќе го продава Шарлот!

Еден од најдобрите кошаркари во историјата, Мајкл Џордан во 2006 година инвестираше во Шарлот, а во 2010 година стана газда на екипата, но не постигна поголем успех со екипата и затоа реши да ја продаде.

„ЕСПН“ пишува дека Џордан е во сериозни преговори да продаде најголем дел од акциите и така да го напушти Шарлот, кој го купи за 275 милиони долари.

Шарлот и оваа сезона имаат катастрофални резултати, односно запишаа 22 победи и дури 49 порази.