Џордан го избра најдоброто забивање во историјата на Олстар (ВИДЕО)

Еден од најдобрите кошаркари во историјата, Мајкл Џордан во кариерата двапати триумфираше во натпреварување во забивање и тоа во 1987 и 1988 година.

Џордан зборуваше за најдоброто забивање во историјата на натпреварувањето во Олстар ввикендот, па реши да му се поклони на Винс Картер.

„Тоа беше неверојатно забивање и дефинитивно најдобро“, кажа Џордан.

Џордан зборуваше за натпреварувањето во 2000 година кога Картер им одржа лекција на конкурентите.