Џејмс се врати по суспензијата и ја урна Индијана (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс славеа победа од 124-116 по едно продолжение на гостувањето кај Индијана во рамки на НБА-лигата. 

Леброн Џејмс се врати на паркетот по суспензијата од еден натпревар и инцидентот со Ајзеа Стујарт од Детроит. Супер ѕвездата на Лејкерс сакаше да докаже нешто па со 39 поени го предводеше својот тим до триумфот, а клучни беа неговите тројки во финишот од средбата. Гостите беа без Ентони Дејвис, кој има грип, а Расел Вестбрук му помогна на Џејмс со 20 поени. Малком Брогдон имаше 28 поени за Пејсерс.

Феникс е во неверојатна серија од 14 победи по ред, откако утринава славеше против Кливленд на гостински паркет со 115-120. Девин Букер ги предводеше Санс со 35 поени.

Во дуелот на браќата Кари, Стеф го победи Сет. Голден Стејт триумфираше против Филаделфија со 116-96. Стеф Кари постигна 25 поени, додека неговиот брат Сет на спротивната страна имаше еден поен помалку.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Орландо - Шарлот 99-106
Бостон - Бруклин 104-123
Хјустон - Чикаго 118-113
Мемфис - Торонто 113-126
Милвоки - Детроит 114-93
Минесота - Мајами 113-101
Њу Орлеанс - Вашингтон 127-102
Оклахома - Јута 104-110
Сан Антонио - Атланта 106-124
Сакраменто - Портланд 125-121