Дурант е најдобар кошаркар во НБА, а во топ-10 има место и за Јокиќ и Дончиќ

На официјалниот сајт на најсилната кошаркарска лига во светот се појави список од 10 најдобри кошаркари во моментов, а на првото место се наоѓа Кевин Дурант.

По Дурант на листата следат Јанис Антетокумпо и Леброн Џејмс, додека на четвртата позиција е Стеф Кари од Голден Стејт вориорс, додека на петто место е Никола Јокиќ.

Во топ-10 се наоѓаат Лука Дончиќ, Џоел Ембид, Џејмс Харден, Дамиен Лилард и Ентони Дејвис.