Дончиќ за малку до нов трипл-дабл, ама затоа имаше асистенција за - паметење! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас маверикс загубија во ноќешната пресметка на домашен терен против Мајами хит (101-112), во меч во кој блескаше ветеранот Двејн Вејд.

То средбата ја заврши со 22 поени, продолжувајќи со својата „лебедова песна“ во последната сезона во НБА-лигата. Словенечкото „чудо од дете“, Лука Дончиќ, беше најдобар кај „телињата“, но неговиот одличен универзален настап не беше доволен за триумф.

Тинејџерот флертуваше со трипл-дабл ефект завршувајќи ја средбата со 18 поени, 12 скока и девет асистенции. Тој го имаше и потегот на вечерта, со магична асистенција во стилот на Леброн Џејмс.