Дончиќ со фантастичен трипл-дабл му донесе шеста победа по ред на Далас (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас продолжуваат со одличните игри, откако ноќеска дојдоа до шестиот триумф во низа и тоа против најдобриот тим на Истокот, Чикаго булс (113-99).

За „телињата“ тоа беше шеста победа по ред, со која, пак, ставија крај на низата од девет успеси по ред на противникот. Најзаслужен, вообичаено, беше словенечкото „чудо од дете“, Лука Дончиќ, кој оствари нов трипл-дабл ефект со 22 поени и по 14 скока и асистенции. Успехот на домаќинот е уште поголем ако се знае дека е остварен без болниот Порзингис.

Далас сега е петти во Западната конференција со скор 22-18, додека Чикаго останува лидер на истокот, сега со учинок 26-11.