Дончиќ призна: Бавен сум и тромав на паркетот зашто сум – дебел!

Екипата на Далас игра лошо во последно време, за што говорат и осумте порази во последните десет меча, за кои меѓу најголемите виновници е Лука Дончиќ, чии перформанси се далеку под очекуваните.

Тој често е критикуван поради својата тежина, нешто што и самиот го потврдува наведувајќи дека под итно мора да ослабе за да ја врати мобилноста и брзината.

„Бев премногу бавен и тромав на теренот. Знам дека морам под итно да ослабам и свесен сум дека луѓето најмногу ме критикуваат поради тоа што сметаат дека сум дебел. И во право се за тоа“, изјави Дончиќ по синоќешниот пораз на „телињата“ во пресметката со Бруклин.

Какво главна причина за преголемиот број килограми, Словенецот ги наведе обврските кон националниот тим во текот на целото лето, кои кулминираа со настапот на Олимписките игри во Токио, по кои заминал на одмор и премногу се опуштил.