Дончиќ откри зошто не сакал да го урне рекордот на Шмит од 1988 година

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ постигна 48 поени во победата на неговата репрезентација против Аргентина, а за малку можеше и да го урне рекордот на Бразилецот Оскар Шмит од 1988 година.

Бразилецот го држи рекордот по број на поени на Олимписките игри веќе 33 години, а најблиску до неговиот успех беше Дончиќ.

Дончиќ постигна 31 поен по првото полувреме, а стигна и до 48, по што излезе од игра. Соиграчите и селекторот сакале да го вратат во игра, но скромниот Словенец го одбил предлогот на колегите.

„Не сакам да бркам рекорди, не сакав дополнително да предизвикувам притисок затоа што не дојдов тука за такво нешто. Овде сум поради тимот, сакам да победуваме, другото не е важно. На четири минути пред крајот сакав да останам на клупата зашто мојата работа беше готова. Донесов вистинска одлука, рекорди не ме интересираат“, вели Дончиќ.