Дончиќ му одржа лекција и на Леброн Џејмс и тоа среде Лос Анџелес (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас маверикс успеаа да ја запрат одличната победничка серија на Лос Анџелес лејкерс, откако славеa со 114-100, а најдобар кај победниците беше одличниот Лука Дончиќ.

Лејкерс добро го почнаа натпреварот и по првата четвртина имаа водство од 25-20. Меѓутоа, Далас успеа да ја задржи шансата по првото полувреме (59-62) за да направи изненадување.

Гостите направија серија од 17-0 и така на крајот на третата четвртина имаа предност од 20 поени предност, а Лејкерс во последната четвртина се обиде да направи пресврт, но не успеаа во намерата.

Далас ја задржа двоцифрената предност и така запиша победа во „Стејплс центарот“ со 114-100, а тоа беше трет пораз за Лејкерс сезонава.

Гостите до победа ги предводеше Дончиќ, кој одигра уште еден одличен меч. Лејкерс успеа да го запре Словенецот во првото полувреме, но во продолжение од мечот не можеше ништо да направи, па тој на крајот постигна 27 поени, десет асистенции и девет скокои.

Кај Лејкерс најефикасен беше Ентони Дејвис со 27 поени и десет скокови, додека Леброн го заврши мечот со 25 поени, десет скокови и осум асистенции.


Останати резултати:

Детроит – Сан Антонио 132-98
Њу Орлеанс – Оклахома 104-107
Орландо – Голден Стејт 100-96
Торонто – Јута 130-110
Лос Анџелес клиперс – Вашингтон 150-125