Дончиќ ќе го пропушти вториот меч против Бостон!?

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ најверојатно ќе го пропушти вториот меч меѓу Далас маверикс и Бостон селтикс во големото финале на НБА-лигата.

„ЕСПН“ објави дека Дончиќ се здобил со нова повреда, по болките кои претходно ги имаше во коленото, па поради тоа би можел да одмори во вечерашниот дуел.

Дончиќ беше најефикасен кошаркар на првиот дуел меѓу екипите со 30 поени и 10 скокови, но тоа не беше доволно за победа на Далас.