
Дончиќ фрустриран: Шест фаули во финале на НБА... абе, ајде (ВИДЕО)
Такво нешто ретко се гледа во НБА лигата, а особено кога станува збор за Дончиќ кој речиси никогаш не бил во проблеми со фаули. Токму поради тоа беше фрустриран на прес-конференцијата по натпреварот.
„Не ни дозволија да игра физичка кошарка. Не сакам да коментирам, но шест лични грешки во НБА финале во ситуација кога сум во став... Абе, ајде... Мислам дека судиите можат да бидат подобри“, рече Дончиќ.
Особено беше проблематичен шестиот фаул при кој се чинеше дека Словенецот е фаулиран и поради тоа тој побара челинџ кој на крајот судиите не го прифатија.