Дончиќ црпи инспирација од фудбалерите на Реал - од двајца посебно!

Ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ е голем фан на Реал Мадрид, а вели дека повеќе од фудбалерите на кралскиот клуб го инспирираат.

Дончиќ одигра три сезони за Реал Мадрид пред да замине во НБА, сега е во Далас но со голема возбуда ги следи кошаркарскиот и фудбалскиот тим на кралскиот клуб.

„Многу фудбалери на Реал Мадрид ме инспирираат, секогаш ги гледам. Винисиус, навистина ми се допаѓа Белингем... но најмногу инспиративни ми се Крос и Модриќ“, открива Дончиќ.