Детали за несреќата: Хеликоптерот на Коби пропаднал 100 метри за само шест секунди!
Очевидци откриваат дека моторот на хеликоптерот испуштал чудни звуци, по што загубил висина од 100 метри за само шест секунди и потоа при допир со земјата експлодирал.
Официјалната истрага во моментов уште е во тек, додека „Лос Анџелес Тајмс“ објави дека имало и густа магла на местото на несреќата.
Според податоците од „флајтрадар24.ком“ несреќата се случила во момент кога хеликоптерот патувал со брзина од 200 км/ч. Тој загубил 100 метри за само шест секунди, а целиот лет траел 13 минути пред да се урне.
Коби често го користел неговиот хеликоптер за да патува до „Стејплс центарот“ од неговиот дом во Калифорнија, а моделот на леталото бил Сикорски С-76.