Денвер се буди, трипл-дабл на Јокиќ каков што немало 62 години во НБА (ВИДЕО)
Српскиот центар и трикрарниот МВП сезоната ја отвори со просек од 32.3 поени, 10.3 скока и 7.0 асистенции.
Дека на почетокот од сезоната игра на високо ниво покажа и во вчерашниот натпревар во која стигна до трипл-дабл од 29 поени, 18 скокови и 16 асистенции. Колку е ова неверојатен трипл-дабл покажува и податокот дека вакви бројки на еден кошаркар не се видени уште од Оскар Робертсон, односно пред 62 години.
Исто така за Јокиќ ова беше седми натпревар во кариерата со 25 или повеќе поени во комбинација со 15 или повеќе скокови и асистенции. За споредба сите активни кошаркари во НБА лигата немаат толку такви натпревари заедно.
Во вчерашниот натпревар Јокиќ имаше голема помош од Џамал Мареј и Арон Гордон кои постигнаа по 24 поени, како и Расел Вестбрук кој од клупата додаде 22 поени и пет асистенции. На спротивната страна Денис Шрудер запиша 28 поени и 14 асистенции, а го следеа Кам Томас со 26 и Камерон Џонсо со 20 поени, седум скокови и седујм асистенции.
ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:
Минесота - Далас 114-120
Јута - Сакраменто 96-113
Голден Стејт - Њу Орлеанс 124-106