
Дедото на Дончиќ: Србија не го сакаше Лука, зашто мислеа дека е обичен кошаркар (ВИДЕО)
Екипа на „РТВ Ким“ зборуваше со Стојан, дедото на Лука, кој вели дека ги следи настапите на словенечкиот кошаркар, но притоа откри дека има потекло и од Косово и Метохија каде што живеат неговите роднини.
„Лука е наша крв, го гледаме додека игра. Се слушаме понекогаш, но тој е премногу зафатен. Понекогаш луѓето ме прашуваат зошто не играл за Косово, а јас им одговарам дека тоа ќе се случи кога Косово ќе стане Америка. Не играше ни за Србија, зошто би играл за Косово? Мислам дека Србија не го сакаше Дончиќ, зашто сметаа дека е обичен кошаркар како другите, но покажа дека е одличен“, вели Стојан.