Човек или машина? Дончиќ со 48 поени сам ја победи Аргентина

Можеби голем дел од НБА-ѕвездите имаат проблеми да се навикнат на ФИБА кошаркарските правила, што се покажа вчера на дуелот помеѓу САД и Франција, тоа не е проблем за Лука Дончиќ. 

Словенецот утринава одигра неверојатен натпревар за својата репрезентација на дебито на Олимписките игри и постигна неверојатни 48 поени во победата од 118-100 против Аргентина.

Ѕвездата на Далас сега е на второто место во историјата на Олимписките игри со најмногу поени на еден натпревар. Рекордер е Оскар Шмид, кој има постигнато 55 поени за Бразил на Олимписките игри во 1988 година. Дончиќ всушност го дели второто место на ова вечна листа, бидејќи 48 поени има постигнато и Австралиецот Еди Палубинскас против Мексико во 1976 година.

Предводникот на Словенија денеска имаше и 11 скока и пет асистенции, а голема помош имаше и од Клемен Препелиќ со 22 поени, додека Влатко Чанчар постигна 12. Ветеранот Луис Скола со 21 поен беше најдобар кај Аргентина.