Брутална порака на Богдановиќ до НБА: Повеќе ми значите вие отколку нивниот смрдлив повик! (ФОТО)

Хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ повторно не доби покана за учество на Ол - стар викендот во шутирање тројки.

Богдановиќ игра во фантастична форма оваа сезона и до сега шутираше со процент од 42.5 во ударот за три поени, погодувајќи 169 тројки од 398 обиди, со што е втор во НБА лигата во оваа категорија.

Пред него е само Данкан Робинсон, кој има нешто поголем процент во однос на прецизни удари. Но, тоа не беше доволно НБА-лигата да го покани Богдановиќ на Ол - стар натпреварот во шутирањето тројки, што своевидно беше изненадување.

Токму поради ова, Богдановиќ се огласи на Инстаграм, па со брутален коментар им „се заблагодари“ за повикот.

-Повеќе ми значи подршката од сите вас, отколку нивниот смрдлив повик веќе втора година во низа, напиша Богдановиќ на својот Инстаграм - профил.