Бостон во спектакуларен меч подобар од ЛА Клиперс, Оклахома го освои Њу Орлеанс (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон Селтикс во спектакуларен меч со 274 поени и по две продолженија славеа против ЛА Клиперс, а Оклахома како гостин го освои Њу Орлеанс во двата синоќешни мечеви во најсилната кошаркарска лига НБА, пред претстојната пауза поради ол-старот во Чикаго од вечера до понеделник наутро по македонско време.

Селтикс славеше во својот „ТД Гарден“ со 144-133, во ноќта во која силно блесна Џејсон Татум кој заедно со Маркус Смарт заедно дадоа 27 поени во продолженијата за да го обезбедат 38 сезонски триумф на Бостон. Татум на крајот мечот го заврши со 39 поени и девет скока, а Смарт заврши со 31 поен, додека Гордон Хејворд имаше дабл-дабл со 21 поен и 13 скока.

Клиперс, кои од втората четвртина останаа без повредениот Пол Џорџ ги имаше ЛуВилијамс со 35 поени и Каваи Леонард со 28 поени, но недоволни за да успеат да го освојат домот на Селтикс.

Поради ол-старот сега следуваат шест дена пауза во НБА, пред да продолжат возбудувањата во најсилната лига.