
Бостон дојде до 50 победи, не се откажува од врвот на Истокот! (ВИДЕО)
Последната ја забележа синоќа на гостувањето кај Сакраменто, со 132-109, со што заврши една гостинска турнеа долга 10 дена и шест натпревари. Џејсон Тејтум беше најдобриот на паркетот, со 36 поени и осум скока, а втор и трет стрелец на мечот беа негови соиграчи: Џејлен Браун со 27 и Дерик Вајт со 20 коша.
Селтикс сега имаат точно 50 победи, една помалку од лидерот Милвоки. Меѓутоа имаат и 23 порази, а Бакс со два меча помалку уште се на 20. До крајот на основната сезона Бостон има уште девет, Милвоки уште 11 натпревари.
Успешен гостин синоќа беше и Кливленд, со 115-109 во Бруклин, како и Оклахома, која ги изненади ЛА Клиперс со 101-100. Сепак, покрај поразот, поголема загуба за момците од Лос Анџелес е повредата на Пол Џорџ, кој го повреди коленото при еден доскок во четвртата четвртина.
НБА РЕЗУЛТАТИ
ЛА Клиперс - Оклахома 100-101
Сакраменто - Бостон 109-132
Њу Орлеанс - Сан Антонио 119-84
Бруклин - Кливленд 109-115
Атланта - Детроит 129-107
Орландо - Вашингтон 122-112