Богдановиќ полуде, му се внесе в лице на својот тренер (ВИДЕО)

Богдан Богдановиќ важи за еден од најсмирените кошаркари во светот, но очигледно и тој има праг преку кој не може да се помине.

На синоќешниот натпревар на Атланта против Чикаго (победа од 113-101), српскиот репрезентативец имаше тежок конфликт со тренерот на тимот Квин Снајдер. Инцидентот се случи на две минути пред крајот, при водство на Хоукс со 113-96 кога Богдановиќ прво во наплив на бес фрли шише со вода, а потоа бесно стана од клупата ии му се внесе в лица на Снајдер.

Се уште е нејасна причината за ваквата постапка на Богдановиќ кој речиси никогаш не реагира вака, но по мечот несогласувањата брзо биле решени. Двајцата излегоа со изјава дека нивниот однос а фантастичен и дека она што се случи е нормална работа во спортот.