Богдановиќ кажа дека ќе оди на операција, па доби отказ од Бруклин!

Хрватскиот кошаркар, Бојан Богдановиќ веќе не е член на Бруклин Нетс, клубот реши да му даде отказ, тој сега е без клуб.

Оваа одлука доаѓа еден ден по објавата на Богдановиќ дека ќе оди на нова операција поради повредата на стапалото, тоа значи дека сезоната за него е завршена.

Тој нема играно од 28 април 2024 година, а ако се оди според планот, на теренот би се вратил дури за следната сезона.

Бруклин одлучи дека веќе немаат потреба од Богдановиќ и му дадоа отказ за да отворат место за поранешниот седми пик на драфтот, Килијан Хејнс кој потпиша десетдневен договор со Нетс. Договор, но повеќегодишен има и за Тајрис Мартин.