Бивш кошаркар на Мајами го предизвика Џон Џонс: Ќе те претепам!

Поранешниот кошаркар на Мајами, Индијана и Торонто, Џејмс Џонсон го предизвика шампионот во тешка категорија во УФЦ, Џон Џонс.

Кошаркарот кажа што мисли за шампионот и посочи дека ќе треба да тренира само една година за да го претепа Џонс.

„Мислам дека можам да го победам. За тоа ќе ми биде потребна една година. Јас удирам и шутирам силно од дете. Треба да научам некои боречки потези и ќе го победам“, кажа кошаркарот.