Балкански мангуп: Јокиќ со асистенција без гледање и зад грб ги збудале Американците (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ е на добар пат кон добивање на признанието најкорисен (МВП) играч во регуларниот дел од сезоната во НБА, за што и тоа како му помагаат магични потези како синоќешниот во триумфот на Денвер нагетс над Хјустон рокитс (128-99).

Центарот на „грумењата“ кон крајот на вториот период имаше неверојатна асистенција и тоа без гледање и зад грб, покажувајќи дека има неверојатна прегледност врз играта дури и копга противникот мисли дека е фокусиран на нешто друго.

Неговиот соиграч лесно поентира, а мангупското додавање донесе еуфорија не само кај присутните во салата туку и кај американските коментатори.