Американците жестоко удрија по Дончиќ: Никогаш нема да бидеш како Мајкл Џордан!

Необичната објава на социјалните мрежи на Лука Дончиќ по синоќешното дерби помеѓу Лејкерс и Клиперс, двата НБА-тима од Лос Анџелес, му се врати како бумеранг на Словенецот, откако Американците жестоко го нападнаа во коментарите.

Словенецот по градското дерби напиша дека „ПГ30 е проблемот и секогаш било така“, алудирајќи на Пол Џорџ од губитничкиот тим на Клиперс, кој иако средбата ја заврши со 30 постигнати поени, сепак, имаше голем број промашени зицери во клучните моменти, што им помогна на Лејкерс да дојдат до триумфот.

„Оди легни си и подготвувај се за твојот натпревар, а не го коментирај Џорџ и неговата игра. Мајкл Џордан никогаш не би напишал нешто слично за Коби непосредно пред доигрувањето. Затоа никогаш нема да бидеше како Џордан“, е еден од највпечатливите коментари упатени кон Дончиќ.

Далас маверикс на Словенецот најверојатно на стартот од доигрувањето ќе играат против ЛА Клиперс, што беше и една од главните причини за жестоката реакција на американските кошаркарски вљубеници.