Адетокумбо ќе го пропушти стартот на плејофот во НБА-лигата

Милвоки бакс ќе има проблеми на почетокот на плејофот во НБА-лигата затоа што не може да смета на најдобриот кошаркар Јанис Адетокумбо.

Грчкиот кошаркар се здоби со повреда и во моментов е на рехабилитација поради која ќе пропушти неколку натпревари.

Милвоки во регуларниот дел заврши како трет тим на Истокот, а во плејофот ќе се соочи против екипата на Индијана пејсерс.