Жалгирис по продолженија го совлада Милано, Фенербахче триумфално мина низ Валенсија

Одличен меч беше одигран во Каунас во рамки на 26. коло од Евролигата во кој Жалгирис успеа да слави со 105-97 против Армани Милано по продолженија.

Жалгирис почна да влегува во форма како што доаѓа крајот на регуларниот дел од сезоната во кој бркаат позиција во нокаут-фазата.

Жалгирис доминираше во првото полувреме, па на паузата замина со водство од 53-44, но во вториот дел Милано се врати на вистински начин и успеа да израмни на 91-91.

Во продолженијата домаќините покажаа повеќе концентрација и на крајот успеаа да слават со осум поени разлика. Нигел Хејс беше најдобар со 21 поен кај Жалгирис.

На останатите два меча Химки славеше против Лион, додека Фенербахче ја совлада Валенсија.