Жалгирис ја прекина победничката серија на Ц. Звезда сред Белград

Актуелниот шампион на Србија беше поразен во 19. коло од Евролигата со 70-76 од Жалгирис Каунас и така беше прекината нивната серија од четири победи по ред.

„Црвено-белите“ доживеаа голем пад во играта во средината на третата четвртина, кога лесно испуштија седум поени предност. Нападот беше очаен, а Жалгирис трпеливо ги казнуваше сите грешки и заслужено победи.

Во претходниот меч кој се одигра вечерва Зенит славеше против Басконија со 72-66.