Зенит со пресврт во последни секунди го суреди Баерн Минхен

Зенит славеше во 14. коло од Евролигата против Баерн Минхен со 79-75 во меч со возбудлива завршница.

Германскиот гигант ја одби првата четвртина со 20-14, а на полувреме замина со водство од 43-35. Во вториот дел Зенит намали на 56-60, по што се водеше голема борба до последните секунди од натпреварот, каде што домаќинот направи пресврт и славеше со 79-75.

Најдобар во победничкиот тим беше Барон со 20 поени и два скокови, додека кај Баерн најефикасен беше Рејнолдс со 13 поени и пет скокови.