Уште еден кошаркар замина од Партизан - Мадар потпиша за Фенер!

Фенербахче потврди дека потпишаа со 22-годишниот израелски кошаркар Јам Мадар кој во турскиот тим пристигнува од Партизан.

По две одличните сезони во Партизан, големиот израелски талент, Јам Мадар реши да се пресели во Фенербахче.

Фенербахче утринава потврди дека потпишале двегодишен договор со Мадар со можност за продолжување на уште една сезона.

Покрај Мадар, Партизан ова лето го напуштија Матијас Лесор (Панатенаикос), Јанис Папапетру (Панатениакос) и Данте Ексум (Далас). Главната ѕвезда во тимот, Кевин Пантер беше пред заминување, но засега останува во тимот на Обрадовиќ.