Трагедија во Украина: Ненадејно почина кошаркарски репрезентативец на 34 години

Во ек на жестоката руска агресија која дојде до безмалку една година и Украина преживува тешки денови, голема трагедија го потресе украинскиот спорт откако ненадејно на 34-годишна возраст починал еден од кошаркарските репрезентативци на оваа земја.

Руслан Отверченко починал ненадејно, а според информациите од Украина причината за смртта се проблеми со срцевиот мускул.

Украинецот беше репрезентативец на својата земја, играше на Евробаскетот во 2017 година, а во кариерата играше за Киев, Доњецк, Черкаси Мавпи, Прометеј, Манреса и Будивелник, чиј член беше и во оваа сезона.