Томиќ ја напушти Барселона и му се приклучи на Димитријевиќ во Хувентуд

Хрватот Анте Томиќ по осум години минати во Барселона реши да се пресели во Хувентуд, каде што ќе му се приклучи на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.

Хувентуд прво сакаше да го ангжаира американскиот крилен центар Џејкоб Вајли, кој сезонава играше за Панатинаикос, но Гран Канарија им ги замрси плановите.

Томиќ ја напушта Барселона како странец со најмногу одиграни натпревари во 94 години долгата историја на каталонскиот клуб, откако за Барселона одигра 579 натпревари.

Хрватскиот кошаркар освои 12 трофеи, но не и тој во Евролигата, кој во претходните години најмногу го сакаше. Тој го крена трофејот во шпанскиот шампионат во 2014 година, три пати го освои шпанскиот Куп, а еднаш го освои и Суперкупот.